ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да разговараме за сите разумни барања и дилеми на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара за сите разумни барања и дилеми на СДСМ, се наведува во соопштението на владејачката партија, по денешната прес-конференција на Рената Дескоска од СДСМ.  

- Ние не сакаме да се надмудруваме кој е за што виновен, да влеземе неодговорно во амбиентот кој тие го креираат, ниту пак можеме да спречиме СДСМ да влезе во едно вакво сценарио, кое го почна на изборниот ден кога изгубија со над 200 илјади разлика.
За сите разумни барања и дилеми на СДСМ подготвени сме да разговараме, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат дека јасно е во која насока оди работата уште при самиот почеток и оти се подготвени и понатаму да се справуваат со сите предизвици во државата исполнувајќи ги притоа ветувањата кон граѓаните за поквалитетен живот и нови работни места.

- Во нивните изјави постои јасен сигнал дека не ја гледаат реалноста. Ние таков амбиент не прифаќаме, ќе продолжиме со проекти, дела и реформи, оставајќи кон нив подадена рака да разговараме за се што е разумно и логично. А, ако Дескоска вели дека немало разговори со нас, тогаш сето тоа ќе го оставиме повторно на нивните внатрешни релации, површност и отргнатост од реалноста кое го манифестираат постојано, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

24.09.2014 - 17:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега