Илјадници демонстранти се собраа пред Владата во Турција

Денеска група демонстранти се собраа на плоштадот во Истанбул, Турција и побараа Владата да се откаже од плановите за градење во паркот Гези и да ги разреши од должност шефовите во полицијата одговорни за насилствата за време на неколкудневните протести во државата. 

Демонстрантите барањата ги доставиле до вицепремиерот Булент Аранч на средба во Анкара.

Демонстрантите воедно бараат и  да се пуштат на слобода сите уапсени демонстранти, запирање на користењето солзавец од полицијата и слобода на говорот.

најчитано сега