СРАМОТА: СОНК во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството тргна да ги манипулира децата

Во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството, СОНК тргна да ги манипулира децата. Претседателот Јаким Неделков свесен дека голем дел од професорите членовина СОНК нема да се појават на протестот кој тој го планира за наредната недела Неделков денеска во изјаваза медиумите се обиде да ги изманипулира учеениците. Тој рече дека нема да се одржи настава на денот за кога е закажан штрајкот, со што се обиде да изврши притисок врз своите колеги да му се приклучат на штрајкот. 

Ваквата изјава доаѓа по серијата најави на членови на раководството на синдикатот дека нема да го поддржат штрајкот на професорите но и по новото законско решение според кое, за професорите кои ќе штрајкуваат и нема да дојдат на работа ќе има соодветна замена, како не би се случило да трпат учениците и нивната настава. 

СОНК ја губи поддршката речиси од сите страни. Денеска пет гранкови синдикати кои се дел од Конфедерацијата на слободни синдикати, се оградија од идејата и одлуката за организирање генерален штрајк во образованието. Според нив, штрајкот е инициран од претседателот на СОНК Јаким Неделков и мала група негови приврзаници, со цел задржување на актуелните позиции преку реизбор во следната година.

- Навистина жално и трагично, сегашната младина и иднината на нашата земја да биде заложник на една однапред планирана ситуација во која најголема штета ќе биде застојот на нивниот воспитно-образовен процес, што пак, ќе предивика бројни други последици. Оние во почетните години на основното образование ќе немаат добра подлога за сите понатамошни образовни предизвици, додека пак, оние во завршните години ќе немаат целосно заокружен процес и подлога за продолжување на високото образование или за настап на пазарот на труд, истакна Лидија Карастојанаова-Андова, претседател на замјоделскиот синдкат на РМ, која доаде дека местото на учениците е во училишните клупи, каде со помош на наставниците го стекнуваат потребното знаење за понатамошен професионален напредок.

ОД КСС потенцираат  дека доколку раководството на СОНК не се откаже од намерата за штрајк –учениците ќе останат заложници на личните и себични идеи на еден затворен круг на луѓе кои ги остваруваат сопствените амбиции.

Претставници на синдикатот од Штип, Велес и Битола денеска јасно ставија до знаење дека не го поддржуваат најавениот штрајк на СОНК. Тие се согласни дека одлуката за штрајк е донесена од мала група на луѓе, за лични цели. Претходно, поддршка за штрајкот на СОНК откажаа и синдикатите од Другово и Охрид

 

24.09.2014 - 15:49
Фото: 
24.09.2014 - 15:49


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега