Бројот на повредени во пожарот во Русија се искачи на 59 лица

59 лица побарале медицинска помош по денешниот пожар во московското метро.

15 од ни се хоспитализирани а меѓу нив се најде и едно 15 годишно девојче.

- Пожарот, кој избувнал во еден од тунелите, каде се запалил електричен кабел, веќе е изгаснат, изјави Виктор Бурјуков од московскиот центар на Министерството за вонредни ситуации. Поради чадот од метрото беа евакуирани 4.500 лица. Метрото е главно превозно средство во Москва и дневно го користат до седум милиони луѓе.

ФОТО: Сител 

најчитано сега