Скопјани му должат над 3 милијарди денари на Водовод
Вкупните побарувања на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ достигнаа 3.116.315.566 денари, информира денеска на прес-конференција раководството на претпријатието.
Износот на ненаплатени редовни побарувања од домаќинствата достигнал 552.827.395 денари, а на тужените побарувања 1.153.386.165,50. Од стопанството имаат редовни побарувања од 301.496.254 денари, а тужени во износ од 213.162.398 денари.
Директорот на „Водовод и канализација“ Стојан Србиноски додговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција рече дека ќе нема поскапување на водата.
- Оние кои имаат заостанат долг, може да го платат на рати, со претходно потпишување соодветен договор, земајќи го во предвид висината на долгот. Досегашното искуство покажува дека договорите за отплата на заостанатите долгови на рати во глобала се почитуваат. Непочитувачите по доставена опомена се доставуваат за наплата кај овластени извршители, информира Србиноски.
Навременото плаќање на сметките и почитувањето на исклучително чистата вода за пиење, според Србиноски, водат кон континуирано одржување на водоводната мрежа, инвестирање во водоводната инфраструктура, постојана замена на старите цевководи со нови, замена на старите водомери, воведување на нивно далечинско отчитување, навремено санирање дефекти, како и намалување на нивниот обем... Ќе се овозможи и секојдневна контрола на квалитетот на водата од 36 различни мерни точки, модернизација на Лабораторијата за контрола на квалитетот на водата
ФОТО: Вечер