Кој е фаворит за преземање на ТДР?

Анте Влаховиќ, првиот човек на ровињската Адрис група донесе стратешка одлука за продажба на ТДР која треба да биде реализирана до крајот на годината. Според информациите кои ги објавува хрватски Тпортал во трка за преземање на ТДР се вклучил Japan Tobacco International (JTI).

Иако во текот на годината се шпекулираше за интензивните преговори со Кинезите  (China National Tobacco Corporation) па дури и со компанијата Korean Tobacco, последниве недели во бизнис круговите може да се слушне дека сепак најсериозен кандидат е  JTI.

Оваа информација на Тпортал.хр не добила официјална потврда ниту од Адрис групата ниту од ЈТИ. Од таму коменирале дека согласно политиката на компанијата не даваат јавни коментари за активностите на преземање или спојување.

ТДР минатата година приозведе 9.5 милијарди цигари од кои 65 проценти биле извезени во регионот. Споредено со бројките пред 5 години кога биле произведени 12.5 милијарди цигари, јасно е дека во Ровињ на долг рок се губи битката со мултинационалните комапнии кои се борат за регионалниот пазар.

ТДР е водечки бренд во БИХ каде „држи“ 30 проценти од пазарот а извезува и во Србија, Макеоднија, Црна Гора, Косово, Словенија..

Кој е Japan Tobacco?

ЈТИ е еден од четирите светски производители на цигари заедно со  Philip Morris, British American Tobacco i Imperial Tobacco. ЈТИ годишно произведува 500 милијарди цигари. Негови најпознати брендови се  Winston и Camel кои се меѓу најпродаваните цигари во светот. Комапнијата води бизнис во 72 земји и има 47 илјади вработени. Japan Tobacco  е присутен и во Македонија преку своето претставништво Прима МК со своите брендови Camel, Winston и Monte Carlo.

 

 

23.09.2014 - 15:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега