Проверете дали утре ќе останете без струја

Без струја утре од 9 до 12 часот ќе останат корисниците од улицата „Перо Наков“ бб спроти „Бриколаж“.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-системот  без електрична енергија од 8 и 30 до 14 часот и 30 минути  ќе останат и корисниците од  улиците „Душко Поповиќ“, „Хо Ши Мин“, „Бетовенова“, „Петар Манџуков“, „Боца Иванова“ и „Александар Бујнов“ од општина Бутел, од 9 до 15 часот и 30 минути корисниците од  село Рашче дел од улицата „2“ кај гробиштата, од 8 до 17 часот  корисниците од  улиците „Киро Фетак“ и подуличка 1 и „Герника“ во општина Кисела Вода, од 9 до 15 часот село Грчец улиците 1, 2, 3, 4 и 5, од 10 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Варшавска“, „Прашка“ и „Букурешка“ и од 9 до 10 часот и 30 минути корисниците од улицата „Мајаковски“ број 12.

23.09.2014 - 13:58


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа