Возачот на ЈСП ништо не се сеќава

Возачот на ЈСП не се сеќава како се случила несреќата. Директорот на ЈСП, Мишо Николов вели дека јавното претпријатие детално ќе ја испита несреќата по што ќе ги информира медиумите.

„Возачот наш не знае што точно се случило. Тој не е повреден, но е видно потресен и вознемирен. Така што, за секоја дополнителна информација ќе ве информираме. Причината за несреќата се уште ја испитуваме. Можни се неколку причини – грешка на возачот од брзо возење, техничка неисправност на возилото, а кожно е нешто да излетало пред автобусот или автобусот да удрил во нешто. Точната причина треба да ја потврди Министерството за внатрешни работи со увидот на терен“, изјави директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов, кој утрово го посети местото на несреќата.

Утрово околу 6 часот, автобусот со број 67 на ЈСП Скопје се преврти во Драчево. Повредени се 49 патници, но никој нема сериозни повреди. 

23.09.2014 - 12:01


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега