Селекторот Павичевиќ даде оставка од кошаркарската репрезентација на Црна Гора

Селектор на кошаркарската репрезентација на Црна Гора, Лука Павичевиќ поднесе оставка.

Тој на синоќешната седница на Претседателството на тамошниот сојуз ја презема одговорноста за неуспехот во квалификациите за Европското првенство и понуди оставка која му беше прифатена.

Претседателството го прифати извештајот кој беше поднесен од досегашниот селектор и изнесените причини за резултатскиот неуспех во квалификациите.

Следуваат активности за надминување на проблемите и понатамошен просперитет на црногорската кошарка, соопштија од Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора и му се заблагодарија на Павичевиќ за досегашната работа како селектор.

Под негово водство Црна Гора на 21 натпревар забележа 16 победи, сепак необезбеденото учество на Евробаскет 2015 беше доволна причина Павичевиќ да го напушти селекторското место. 

 

 

 

23.09.2014 - 09:42


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега