Ивановски најави нова верзија на Предлог - законот за медиуми

 
Вечерва ќе биде пуштена на увид на јавноста нова драфт верзија на Предлог - законот за медиуми. Министерот за информатичко општество Иво Ивановски информира дека дел од доставените забелешки за Предлог-законот се прифатени, додека некои од нив не се вметнати.

 

-Дадени се забелешки за 117 члена од 171 член, за 54 члена нема никакви забелешки. Најголем број на забелешки се однесуваат на членот четири кој што се однесува на слободата на новинарите. Потоа забелешки се дадени и за членот што го регулира го обезбедувањето на аудио и видео услуги како и во однос на надлежните органи за регулирање на медиумите изјави Ивановски и истакна дека во однос на членот четири за слободата на новинарите две важни институции даваат контрадикторни забелешки. На пример, Советот на Европа го поздравува овој член, а ОБСЕ дека тој треба комплетно треба да се избрише, истакнува Ивановски.

Денеска во хотелот „Александар Палас“, Министерството одржува јавна дебата на која учествуваат претставници од медиумите, организациите на новинари и останати страни кои се засегнати од Законот.

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk

најчитано сега