Турската полиција уапси 25 корисници на Твитер
Вкупно 25 корисници на социјалната мрежа „Твитер“ се уапсени во Турција под сомнеж дека поттикнуваат немири и шират пропаганда за време на антивладините протести.
Уапсените се обвинети за користење на „Твитер“ за организирање на протести и привлекување на учесници на протестите.
Според друг член на опозицијата, нема ништо скандалозно во пораките објавени на „Твитер“.
Протестите продолжуваат и денеска во Истанбул, откако ноќта беше проследена со судири во неколку градови низ Турција.