Мицкоски оствари средба со Болат: фокус на конкретни инфраструктурни проекти
Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за трговија на Турција, Омер Болат.
Разговаравме за конкретни инфраструктурни проекти како и за искористување на можностите кои се на располагање во сферата на економијата, рече Мицкоски.
„Ги потврдивме одличните политички односи со пријателска Турција, но и потенциравме дека на економски план може да се направи многу повеќе за развој и просперитет на државите и нашите граѓани, информираше Мицкоски.
26.12.2024 - 11:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа