Во експлозија во Каиро загинаа тројца полицајци

Тројца египетски полицајци загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба во близина на зградата на Министерството за надворешни работи и седиштето на државната телевизија во Каиро, соопшти полицијата.

Како што на наведува во соопштението, меѓу загинате се наоѓа и клучниот сведок на судењето на соборениот египетски претседател исламист Мохамед Морси.

Одговорност за денешната експлозија преку Твитер презеде исламистичката група Анад Миср, којa дoсега изведе повеќе бомбашки напади во Каиро.

Неколку десетица полицајци загинаа во боmбашките напади организирани по соборувањето на Морси во јули мината година. 

22.09.2014 - 09:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега