Пет 14 годишни девојчиња родиле во Скопје во 2013 година

Пет случаи на деца кои родиле деца во Скопје, се регистрирани во 2013 година.Пет девојчиња на возраст од само 14 години се породиле во 2013 година во скопските гинеколошки клиники и болници. 

Децата што родиле деца живеат во скопските општини Kарпош, Гази баба, Чаир, Шуто Оризари, а едно девојче е од Свети Николе и дошло во Скопје за да се породи. Сите тие девојчиња се родени во 1999 година, значи дека кога ја добиле својата прва рожба во 2013 година, имале само 14 години, некои ни толку. Сега, една година откако се породиле, младите мајки веќе ги проодуваат своите годиначиња, а нема информации дали тие се самохрани или и татко се грижи за детето што дошло на свет. Не се знае ниту дали мајките по деветмесечното отсуство, го продолжиле „престојот“ во училиштата или мора да работат со завршено само основно училиште за да ги прехранат своите првенчиња, пишува Дневник.

 

21.09.2014 - 13:48


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега