Денот на пензионерите во Кавадарци

 

Со бројни активности, Кавадарци и Росоман го одбележуваат 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија.

Според Ристо Анѓушев од Здружението на пезнионери кое ги организира настаните, се одржаа манифестацијата  „Пензионерите пеат“ и поетско-музичко дружење за корисниците на семејна пензија.

- За утре е предвидена организирана посета на Лесновскиот манастир што е уште една од низата екскурзии за нашите членови, рече Анѓушев.

Годинава првпат Здружението оргнизираше и летување на море за сите заинтересирани припадници на третото доба. 

20.09.2014 - 15:03


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега