Културата на живеење во Македонија во Првата светска војна

Културата и животните услови на народот на Балканот во време на Првата светска војна се инспирацијата за сликите на австрискиот уметник Леополд Форстнер. Дел од неговата уметнички дела ќе бидат поставени на изложбата што во чест на македонско-австриската културна соработка, ќе се отвори на 8 јуни во 20:00 во Македонската Опера и Балет.  Во рамки на изложбата, салонски концерт ќе одржи пијанистката и амбасадорот на култура на Р. Македонија во Р. Австрија, г-а Елена Мисиркова.

Изложбата и концертот се иницирани од историчарот од Институтот за истражување на последиците од Првата светска војна „Лудвиг Болтцман“ во Виена, кураторот г-дин Кристоф Бенедиктер и од Амбасадорот на култура на Македонија во Австрија, г-а Елена Мисиркова, а е под покровителство на ЕВН Македонија и на Австриската амбасада.

 

Австрискиот автор Леополд Форстнер (*1878- 1936)  е еден од најзначајните т.н. материјални сликари и мозаичари, кој е современик на Густав Климт и Јозеф Хофман, и кој за време на Првата светска војна, како офицер на Империјалната војска на Австро-унгарската монархија, бил стациониран во Охрид, во Македонија. Фасцинантно е што голем број од цртежите од тој период, претставуваат единствено сведоштво од овој вид и се своевиден документ за духот на времето и за животната култура на населението, бидејќи во нив се забележани обичаите, архитектурата, народните и градските носии на  населението од регионот.  

најчитано сега