Лоша вест за викендот кој следи

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаба утринска магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје слично време. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, а во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд со појава на ретки грмежи. 

19.09.2014 - 09:07


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега