ФОТО: Истовремено се забавувал со три девојки, а потоа следело изненадување
Мажи никогаш не ја изневерувајте својата девоја затоа што може да ви се случи токму ова. Чарли Фишер сметал дека ќе успее во тајност да оди со три девојки истовремено, но неговата алчност и непромисленост убаво му се вратиле со добра одмазда. Тој бил со неговата баба на аеродром во Лондон, кога од некаде слушнал како некој извикува „лажго, лажго“.
Кога се свртел, следувал вистински шок – таму биле сите три девојки со кои тој одел во тајност.
-Врескавме по него и му рековме дека е лажго и измамник – рекла Беки Конери, една од девојките на Чарли, која прва ја открила неговата измама.
Таа ги прочитала пораките од неговиот мобилен, па се јавила на другата девојка, која не сака нејзиното име да се открива.
Потоа ја нашле и третата девојка Лизи и решиле да му се одмаздат.
Го пречекале сите заедно на аеродром, па вниманието на сите присутни го свртеле кон неверниот Чарли.
- Само сакав да му го видам лицето кога нас сите заедно ќе не здогледа на аеродромот. Себичниот гад истрча кај баба му за да го спаси. Не сме во 16 век за да мора жените да го трпат тоа. Секако дека го нападнавме и би го направиле тоа повторно, раскажува Беки за „Сан“ и ја објавила неговата фотографија и селфи од аеродромот.
Под фотографијата на Чарли таа напишала „Никогаш нема да разберам како тој успеа да има три девојки одеднаш“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа