Анкета: Сириза најпопуларна партија во Грција
Најголемата опозициска партија Сириза е водечка партија во Грција со шест проценти повеќе доверба од граѓаните во однос на владејачката Нова демократија. Овој податок е резултат на анкета што ја спроведе грчкиот Универзитет „Македонија“ за телевизијата Скај.
Анкетата е спроведена од 11 до 15 септември годинава. Вкупно 24 проценти од испитаниците и дале поддршка на Сириза, 18 проценти се за Нова демократија, 6,5 за Златна зора, Елиа, Потами и Комунистичката партија на Грција добија поддршка од по 5,5 проценти од граѓаните, Независни Грци (Анел) 3 отсто, додека за Демократската левица се еден процент од Грците.
Останатите помали партии собраа вкупно десет проценти, додека бројот на неопределени граѓани достигнал до 21 процент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа