Халили ја прогласи т.н. „Република Илирида“ - бара федерализација на Македонија

Невзат Халили заедно со десетици граѓани денеска  на плоштадот Скендербег ја прогласи  т.н. Република Илирида.
Самопрогласениот „претседател“ на државата рече дека одлукат да се прогласи т.н. Илирида е донесена врз основа на Уставот на САД каде што стоело дека секој човек има право на самоопределување.
Тој рече дека барањето е Македонија да функционира како држава со две еднакви републики по примерот на поранешната федерација меѓу Србија и Црна Гора.
Тој побара од премиерот Груевски да мунареди на парламентот да почне постапка за федерализација на Македонија.
Халили рече дека овој чекор е неопходен бидејќи Рамковниот договор не ги исполнил своите цели

ФОТО: Еве колку луѓе се појавија на прогласувањето на Република Илирида во центарот на Скопје

18.09.2014 - 14:23


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега