Трпески за РСМ: Катастарот ќе стане берза на недвижности
Од 1 јануари наредната година катастарот ќе функционира и како берза на недвижнини. Сите информации за движење на цената на становите, ѓраѓаните ќе ги добиваат од едно место, информираше директорот на Катастар, Славче Трпески во емисијата Бројки на РСМ.
-Со оглед на тоа дека Катастарот веќе е мрежно поврзан со нотарите и проценителите , во секое време граѓаните и фирмите ќе се имаат пристап до податоците – колку изнесува просечната цена во одредена локација, колку е најниската цена за метар квадратен во одредена зграда, од каков материјал е направена, дали зградата има пристап до парно греење или гасификацијата, која се очекува да се изгради, струја и вода. Исто така, ќе се добиваат и информации – доколку се работи за постар објект – како се движела цената претходно, дали има имотен лист, рече Трпески.
Со берзата на недвижнини ќе бидат опфатени и деловните објекти, значи во секое време ќе се добиваат информации колку изнесува цената за метар квадратен во одреден трговски објект и како се движат цените на канцалариските објекти низ цела Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа