Француска волонтерка заболена од ебола

 

Првиот случај на заболен Французин од ебола ќе биде згрижен во воената болница Бегин во Сант-Манде во Вал-де-Марн (близината на Париз), пренесува дописникот на МИА од Париз.

Ова е прв случај на фрацнуски државјанин, во случајов волонтерка која работела за Лекари без граници во Либерија да биде заразен од ебола.

Идентитетот на заболената не се открива и не се кажува кога таа точно ќе биде пренесена во Франција.

Според информациите дадени од Министерството за надворешни работи и за здраство, заболената ќе биде донесена на лекување во Франција во „услови на максимална безбедност“ со специјално опремен авион за тоа.

Притоа француските власти нагласуваат дека во земјата се преземени соодветни мерки за справување со случаи на заболување од ебола. Болницата каде ќе биде сместена заболената е една од рефернтните болници кои беа избрани од Министерството за здравство, меѓу кои се наоѓаат уште две други болници во Париз.

Покрај болниците во престолнината и нејзиниот регион француските власти имаат мобилизирано уште неколку специјализирани болнички центир во Рен, Лил, Бордо, Стразбур и Лион. Во сите овие болници се предвидени специјални болнички соби за  пациентите заразени од ебола. 

18.09.2014 - 13:49


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега