ПРЕСВРТ: Бремената Македонка си го заклала сопругот

 

Скопјанката Флорије Д. (37) со нож го убила сопругот Неат Т. (39), во станот во кој живееле, во Брисел. Според белгиските медиуми, жената често се расправала со сопругот, но последната кавга била фатална за мажот. Во расправијата што се случила пред два дена жената со нож го прободела во вратот и го оставила да искрвави во нивниот стан во бриселското предградие Остенд, пренесува Дневник. 

Полицијата ја пронашла Флорије зад зградата, во состојба на шок. Жената веднаш била уапсена, а нејзиниот адвокат изјавил дека таа го признала делото. 

Инаку, жената е во петтиот месец од бременоста.

18.09.2014 - 13:20
Фото: 
дневник


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега