ВИДЕО: Пропадна во дупка додека прославуваше гол

 

Коритиба го совлада Сао Паоло со 3:1, а херој на тимот беше Жоел, кој можеше да доживее бизарна повреда. Имено, Жоел беше стрелец на два гола, а прославата на вториот погодок можеше скапо да го чини.

Откако ја затресе противничката мрежа, фудбалерот на Коритиба ги прескокна рекламите и потоа исчезна, односно падна во дупка. Редарите се обидоа да го предупредат и да го спречат во намерата, но безуспешно.

18.09.2014 - 13:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега