Средба Сиљановска-Алијев: Зајакнување на економска и трговска соработка
Северна Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши. Азербејџан е подготвен да го зголеми новото на дистрибуција на македонскиот пазар, беше истакано по денешната средба во Баку на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот домаќин Илхан Алијев.
- Претседателот веќе ја кажа заинтересираноста на ЕУ за стратешко партнерство. Да, Азербејџан не само што има интересна локација денеска на меѓународната геополитичка сцена туку станува и актуелен заради богатството со гас а сите ние во транзиицијата кон обновливите извори се разбира дека имаме потреба од помош. Ќе го повторам она што му го кажав на претседателот, дека очекувам да направиме чекор да потпишеме декларација што ќе води кон воспоставување или потпишување договор за соработка. Тоа не значи само азербејџанска помош во поглед на гасот, туку ќе отвори простор и за економска соработка, рече Сиљановска Давкова, која е во официјална посета на Азербејџан.
Таа укажа дека укинувањето на визите, ќе придонесе за зближување на народите од двете држави.
- Уште веднаш ќе ставиме крај на онаа чудна состојба да постојат визи за дипломатски и службени пасоши. Мислам дека ниту на македонската држава, ниту на Азербејџан тоа не им одговара, посочи претседателката, набројувајќи ги и можностите за воспоставување соработка меѓу универзитетите, во науката, туризмот.
За економијата, наведе дека засега немаме големи чекори, но рече дека она што нас не прави атрактивни на Балканот е што сме во срцето на Европа но исто така на место каде се вкрстуваат патиштата.
- Мислам дека тоа за секоја земја која се отвора и кон Европа и кон светот исто така е важно. Имаме многу што да размениме и ова е почеток на едно длабоко пријателство. Не само договорот со СОКАР, туку и следни договори ќе овозможат подобро запознавање, потенцира претседателката.
Посочи дека денеска, во 21 век, повторно се зборува, како што рече, за теории на срцето на светот, за теории во кои токму овој регион заедно со Украина ќе биде во центарот на светските настани, и оцени дека сите сакаат да имаат влијание во овој регион.
- Европа повторно се отвора, вашите успеси во секој поглед се гаранција дека ќе може да дојде до натамошна соработка,. Очекувам во следните чекори да се воспостави многу поцврста соработка, мислам за договорот за стратешка соработка, таков веќе има во регионот и нема ниту една причина ние да не се приклучиме, наведе претседателката, која со Алијев имаше средба и во ноември лани при учеството на Самитот на КОП.
И Алијев истакна дека треба да се истражат можностите за економска и трговска соработка каде рече дека нема постигнувања.
- Правиме се што можеме за да ги подобриме нашите билатерални односи, задоволен сум што политичкиот дел меѓу нашите две земји е динамичен, нашиот прв состанок со претседателката сведочи за ова што го зборувам. За политичките односи се потребни дополнителни мерки што треба да бидат развиени од страна на релевантните служби, а во меѓувреме во делот на економијата треба да бидат истражени инвестиците и за жал досега економската соработка и трговијата не се доволно развиени и немаме постигнувања. Но, се надевам дека по оваа посета и средбата помеѓу делегациите ќе го надоместиме тоа, рече Алијев.
Позитивен знак во последните месеци, оцени, е тоа што двете земји почнаа соработка во делот на енергијата. Природниот гас на Азербејџан се испорачува на Северна Македонија. Тоа се случи кон крајот на минатата година. Годинава Азербејџан ќе обезбедува природен гас и подготвени сме да го зајакнеме нивото на дистрибуција на вашиот пазар, бидејќи како што се појавуават нови полиња за дистрибуција на гас во Азербејџан ние работиме активно на тоа прашање, најави претседателот Алијев.
Азербејџан испорачува гас до 12 држави, а помеѓу клиентите го покрива делот на евроазија 10 од 12 држави се европски. Планираме, посочи, се поголема испорака и проширување на пазарите, Европа има потреба од нашиот природен гас. Пред три години беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу ЕУ и Азербејџан, стратешка декларација и тоа беше сведоштво за тоа што денеска гасот од Азербејџан придонесува за енергетската стабилност на европските држави, Посветуваме големо внимание на соработката со нашите европски партнери. Во делот на енергетиката билатералната соработка е многу важна за нас и се надевам дека овие практични мерки исто така ќе покријат и други области, наведе Алијев.
Претседателката Сиљановска-Давкова во претседателската резиденција „Зугулба“ претходно беше пречекана со највисоки државни и воени почести. По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели, се одржува пленарен состанок на двете делегации. Во состав на македонската делегација е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Според агендата, Сиљановската Давкова ќе одржи предавање пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, а ќе оствари средби и со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов. Задутре ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Ќе обрати на свеченото отворање на форумот, а ќе има и обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.
На форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа