Бразил прв полуфиналист на СП во одбојка

 

 

На Светското првенство во Полска репрезентацијата на Бразил прва обезбеди пласман меѓу четрите најдобри. „Кариоките“ синоќа во Лоѓ во 2.коло од Х групата ја победија Русија со 3-0 по сетови 25:22, 25:20 и 25:21. За второ слободно место во полуфиналето од оваа група вечерва од 20 часот и 25 минути ќе се борат домаќинот Полска и Русија.За пласман во полуфиналето на Полјаците им одговара и пораз со два освоени сета. Во групата Г Германија во Катовице го совлада Иран со 3-0 (25:15, 25:21 и 25:19). Вечерва во оваа група играат Франција - Иран.На Французите потребен им е само еден сет да обезбедат борба за медал.

Табела група Г: Франција 3 бода, Германија 3, Иран 0.

Табела групаХ: Бразил 4 бодови, Полска 2, Русија 0.

 

18.09.2014 - 10:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега