Европа ги намалува платите - даноците растат
Платите на вработените во Европа поради кризата бележат намалување и до 30 проценти, а некои од земјите ги зголемија и стапките на даноците.
Податоците покажуваат дека Португалија ги намали патите за околу 20 проценти во споредба со 2010 година, а платите на високите државни функционери е пониски за пет проценти во 2011 година. Истовремено оваа држава одлучи да ги замрзне платите и пензиите за 2012 и 2013 година, со исклучок на најниските пензии.
До 20 проценти намалувње на платите во јавниот сектор имаат и вработените во Грција, а 30 проценти оние во јавните претпријатија во сопственост на државата. Истовремено во период од четири години, односно од 2011 до 2015 година бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 490.000 работни места.
Замрзнати плати, а истовремено и намалени за 25 проценти имаат и вработените во јавниот сектор во Романија, како и во Латвија. Литванија ги намали за 10 проценти платите на државните функционери, судии, службени лица, државни службеници, вработени во буџетските институции, додека за пет отсто платите на наставниците, вработените во социјалниот сектор, културата и одбраната.
Десет проценти се намалени платите и во Хрватска, во Шпанија за пет, а во Словенија платите на службениците се намалени за четири отсто од основната плата.
Кај сите земји истовремено се намалени јавните инвестиции, а има зголемување на даноците.
Шпанија ја зголеми стапката на ДДВ за проценти од 16 на 18 степени, Португалија по првичното зголемувње на стапката на ДДВ за два проценти во 2011 го зголеми за еден отсто, со што ДДВ од 20 проценти на 23 отсто. Унгарија ја зголеми стапката на ДДВ од 20 на 27 проценти, Грција во 2010 го зголеми ДДВ од 15 на 17 процнети, а во јануари 2011 година стапката на ДДВ дополнителни се зголеми за 2,5 проценти и достигна 20 отсто.
Романија ја зголеми стапката на ДДВ за два отсто. Латвија од 10 на 18 отсто, Хрватска од 23 на 25 проценти и Италија го зголеми ДДВ од 20 на 23,5 проценти.
Италија ја зголеми и стапката на персоналниот данок на доход за дополнителни пет проценти за вработени чии приходи се повисоки од 90 илјади евра и за 10 отсто за вработени чии приходи се повисоки од 150.000 евра годишно. Зголемување на персоналниот данок од 23 на 26 проценти е направено и во Латвија, во Литванија е зголемен данокот на добивка од 10 на 15 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа