ФФМ тренира строгост на Вардар - мак фудбалот пропаѓа тие казнуваат за навивачи

Нема крај на непријателскиот однос на Фудбалската федерација на Македонија кон најтрофејниот клуб Вардар. Речи си и да нема натпревар во првата македонска фудбаска лига на кој федерацијата не го казнува Вардар. Овој пат, управата заработи казна од 1000 евра поради недолично навивање на Комитите.
За потсетување, од стартот на оваа сезона, ова е четврта казна за Вардар што во јавноста и меѓу поддржувачите на клубот ги подгрева размислувањата дека федерацијата тенденциозно се однесува кон македонската фудбалска гордост.
Истовремено, случајно или немаерно, ниту еден фудбалер од Вардар не добива место во репрезентацијата. Управата на ФФМ во чие време мак-фудбалот го допре дното смета дека ниту еден фудбалер од тимот кој ја предвои нашата најквалитетна лига, не е доволно добар за да игра во црвено-жолтиот дрес. Најверојатно затоа, кога на стадионот во Скопје ќе дојдат над 100 гледачи да ја гледаат нашта ререзентација, ФФМ смета дека на натпреварот имало солидна посетеност. 
Познавачите на фудбалот велат дека се додека аматерите не си заминат од раководните позиции и на нивно место не дојдат луѓе кои се докажале во најпопуларниот спорт во светски рамки, ние не може да се надевмае на повеќе од претпоследното место во квалификациските групи.

17.09.2014 - 21:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега