Во Египет ќе бидат ослободени 116 студенти што учествувале во протести

 

Јавното обвинителство на Египет одлучи да бидат ослободени 116-те студенти, кои беа уапсени за учество во протести кои не беа одобрени од властите. 

- Сакаме тие да продолжат со учење и да бидат образовани, изјави египетскиот јавен обвинител, Хашим Баракат.

Според него, Обвинителството извршило детална истрага и го определило степенот на учество на секој од студентите во протестите.

Регионални набљудувачи наведуваат дека одлуката за ослободување на студентите е донесена во момент кога се водат дискусии околу претстојните измени во Законот за право на мирни собири, манифестации и протести на јавни места, кој беше усвоен во ноември 2013 година.

Главна одредба во него е забраната за било какви настани кои не се дозволени од властите, за што се предвидени апсења и парични казни.

17.09.2014 - 15:46


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега