15 лица осомничени за тероризам од страна на Косовската полиција

 

 

 

Косовската полиција уапси 15 лица поради кривично дело „уривање на уставниот поредок и безбедност на Косово“. Полицијата смета дека апсењата се резултат на повеќемесечна оперативна истрага во соработка со косовското обвинителство.Претресени се 16 локации на кои се уапсени осомничените и конфискуван е материјал со кривично дело, вклучувајќи апарати, кои ќе послужат како доказен материјал.

Во акцијата е уапсен имамот на големата џамија во Приштина, Шефкет Красниќ но и лидерот на партијата на ЛИСБА, Фуад Рамиќ соопшти дописникот на МИА од Приштина.Во акцијата која е реализирана и во други градови во Косово, уапсени се и имамите Екрем Авдиу од џамијата во населбата „Тавник“ во Косовска Митровица и член на исламската верска зедница на Косово, Енис Рама, имам во „Иса бег“ џамијата во Косовска Митровица и главен уредник во телевизијата “Peace TV’ на албански јазик  и Енес Гега, имам на џамијата во Пеќ. Уапсени се по сомнение за поттикнување верска омраза и исламски екстремизам, регрутирање и испраќање млади Косовци на боиштата во Сирија и Ирак.Имамот на големата џамија во Приштина, Красниќи, беше притворен и на почетокот на месецов но по неколкучасовно испрашување беше ослободен.

17.09.2014 - 13:35


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега