„Исклучи го автомобилот– вклучи го умот“
На денешниот втор ден од Европската недела на мобилност – масовната кампања за промоција на одржливите видови транспорт, Градот Скопје организира голем број настани што се одвиваа под мотото „Исклучи го автомобилот– вклучи го умот“.
Децата од детската градинка „Весели цветови“ во Кисела Вода, објект „Кокиче“, денеска учеа да возат велосипед, а на нивната приредба присуствуваа и полицајци/сообраќајци од Министерството за внатрешни работи, претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Ученици од основните училишта од општина Чаир и штитениците од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ ја посетија Зоолошката градина, слушаа предавања и имаа можност да се запознаат со животните чијшто дом е скопската Зоолошка.ѓ
За вечер во 19 часот се организира ноќна туристичка тура низ Скопје на велосипеди, со посета на градските знаменитости- од паркот „Жена борец“; куќата на Мајка Тереза, улица Македонија, Старата железничка станица, црквата „Свети Климент Охридски“, Дебар Маало, Градскиот парк, реката Вардар, плоштадот „Македонија“, Камени мост и со цел во Старата скопска чаршија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа