Еден километар возел во спротивна насока - детали за сообраќајката на автопатот Скопје-Велес
Љабино Маљоку, 34-годишниот Косовец кој завчера ја предизвика несреќата на автопатот Скопје-Велес, 1 километар возел во обратен правец. „Дневник“ беше на самото место каде што се случила сообраќајката и се обиделе да ја реконструираат несреќата.
Kосовецот откако излегол од аеродромот, го промашил исклучувањето за Скопје и продолжил кон Велес и иако делницата е прописно обележана со табли и со сообраќајни знаци, возачот на „голфот“, во кој биле и неговата сопруга и двете малолетни деца свесно продолжил да вози во правец кон Велес. Потоа тој на паркинг на автопатот едноставно одлучил да сврти за 180 степени полукружно и продолжил да вози кон Скопје во обратна насока од другите учесници во сообраќајот, а иако другите возачи му свиреле продолжил да вози. По само еден километар, на непрегледна кривина на автопатот, косовскиот автомобил директно се судрил со автомобил „мерцедес“, кој во тој момент престигнувал колона автомобили и возел по левата лента за престигнување.
Во судирот повредени биле седум лица, а најтешки повреди добила сопатничката во „мерцедесот“ Олгица М. (31) од Kавадарци. Жената има тешки повреди на главата и телото и по несреќата е згрижена во Ургентниот центар. Повредени биле и нејзиниот сопруг Љ.М. (31), кој го управувал возилото. Тој има повреди на градниот кош и е згрижен на Kлиниката за трауматологија. Во несреќата бил повреден и нивниот 10-годишниот син.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа