Зошто работниците кои го изработуваат iPhone умираат од рак?

Зошто работниците кои го изработуваат Ајфонот умираат од рак? Британски Дејли Мејл пренесува дека компанијата Apple веќе ги истражува фабриките кои се задолжени за производство на делови за популарниот паметен телефон iPhone во Кина, после откритието дека голем број од младите работници заболеле или починале од леукемија. Семејствата на починатите работници веруваат дека причина за појавата на леукемија е фактот дека работниците се изложени на опасни хемикалии, меѓу кои се и оние кои се користат за чистење на печатените електронски плочи.

Се претпоставува дека бројот на работници кои би можеле да заболат од ваков вид на канцер е далеку поголем.

Уште поцрно нешто во целата оваа приказна е дека заболените работници се отпуштаат, а нивните фамилии се оставаат без никаква материјална помош.

Компанијата Apple споменатите тврдења ги сфаќа премногу сериозно и веќе го истражува проблемот во фабриката во Шенжен, каде 230.000 кинески мигранти неделно произведуваат два милиона iPhone телефони.

Детали за заболените од леукемија се појавија веќе минатиот месец, кога гигантот од Купертино објави дека ќе престане со користење на две потенцијално токсични хемикалии при процесот на производство на нивниот паметен телефон iPhone, benzene и n-hexane.

Сите 13 лица кои заболеле од рак се на возраст помеѓу 19 и 24 години. Нивните семејства тврдат дека надредените нивни колеги никогаш не им објасниле за потенцијалните опасности на нивните работни места, како и тоа дека за заштита од опасните хемикалии се користат само пластични ракавици и маски за лице.

 

17.09.2014 - 11:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега