Нови немири во Турција - полицијата со солзавец и водени топови ги растера демонстрантите

 

Турската полиција изминатата ноќ повторно употреби солзавец и водени топови за разбивање на антивладините протести во Истанбул и Анкара откако демонстрантите се оглушиле на полициските повици да се разотидат.

Демонстрантите во Анкара се обиделе да се пробијат до зградата на турската Влада, додека во Истанбул тие сакале да дојдат до канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Анадолија тврди дека состојбата на полштадот Таксим, каде се наоѓа паркот Гези, минатата ноќ била мирна, а демонстрантите „се забавувале со песни и танци“.

- Протестите меѓутоа не ги одбележа само насилтво, пароли, транспаренти или знамиња. Една група млади луѓе во градот Кајсери на демонстрантите им делеа каранфили и ги повикуваа да протестираат мирно без да наседнуваат на повиците на вандалите за предизвикување нереди. Една група млади луѓе се собраа на плоштадот Таксим, кој полицијата во целост им го препушти на демонстрантите, каде вежбаат јога. Снимките на веселите граѓани набрзо ги заменија сликите на чад, пламен и насилство, се наведува во извештајот на Анадолија.

 

најчитано сега