Бракот не е Тв шоу – им порача папата на младоженците

 

Поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск во неделата во  базилката „Свети Петар“ во Рим одржа групна венчавка на која во брак стапија 20 парови, меѓу кои и такви кои повеќе години живеат заедно невенчани и имаат дури и деца.

При венчавката папата порача дека семејствата претставуваат „тули што го градат општетсвото“ и дека бракот е „вистински живот, а не телевизиско шоу“.

Ова е прва венчавка во Ватикан по 2000 година, кога тогашниот понтиф, Јован Павле Втори венча една двојка во базиликата „Свети Петар“.

16.09.2014 - 10:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега