Откриен идентитетот на починатиот рибар
Полицијата го утврди идентитетот на 49-годишниот маж кој почина вчера ловејќи риба на реката Кумановска. Се работи за Ивица С. од Куманово кој починал од силниот струен удар oткако сакал да ја извади рибата што ја уловил, но трската му се закачила на жиците од далеководот, од кој со струја се снабдуваат не само околните куќи туку и неколку фабрики.
За жал, лекарските екипи кои пристигнале можеле само да констатираат смрт.
16.09.2014 - 09:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа