Десетици повредени во Ирак во напад со хемиско оружје од страна на „Исламска држава“
Десетици Ирачани се повредени во напад со хемиско оружје, извршен од екстремисти на исламистичката група „Исламска држава“, јави ИТАР-ТАСС.
Телевизијата „Ал Сумарија“ објави дека екстремисти од ИД употребиле гранати со хлор. Цел на нападот бил регион во северниот дел на градот Ад Далуија, на 80 километри северно од Багдад, во провинцијата Салах ад Дин.
Неколку десетици лица добиле напади на задушување. Моментално нема информации за жртви во нападот.
Градот е важен центар што го поврзува Багадад. Ирачките власти соопштија дека силите за безбедност почнале операција за ослободување и чистење на регионот од џихадисти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа