Почнува процесот во преминување на една светска религија
Минатиот четврток, Папата Фрањо и поранешниот израелски претседател Шимон Перес, се состанаа на приватен разговор кој траел 45 минути. Тема на разговорот беше предлогот на Перес да се обединат сите религии во една Заедничка национална религија.
Ова беше трет состанок меѓу нив двајца, за нешто повеќе од четири меседци. Папата Фрањо покажал интерес, внимание и охрабрување, додека Перес го објаснувал својот предлог.
Се разбира Папата Фрањо не му ветил ништо, ниту пак ќе имаме можност да видиме вакво нешто во блиска иднина, но секоја идеја од некаде мора да се појави.
Ако Папата на крајот се реши за еден ваков чекор, во иднина би можело да пости едно глобално тело кое би ги претставувало сите религии во светот.
Израелскиот претседател во пензија Шимон Перес, понуди иницијатива на глобален мир со оглед на тоа што поголемиот дел од војните денеска имаат религиски, а не националистички повод.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа