Шефот на полицијата го шокираше светот! - јас знам што се случи си исчезнатиот малезиски авион

 

Шефот на индонезијската полиција генерал Сутарман изнесе неверојатно тврдење за време на состанокот со високиот полициски истражители и претставници на авиокомпанијата на Малезија Ерлајнс.

Тој тврдел дека знае што се случило со исчезнатиот лет MH370 што меѓу блиските на загинатите патници предизвика страв дека властите отсекогаш ја знаеле нивната судбина. 

„Разговарав со шефот на малезиската полиција Туном Мохамед Ханиф Омар. Знам што се случи со исчезнатиот Боинг“, стои во извештајот по одржаниот состанок. 

 

Како што јавува индонезискиот портал „Компас.ком“ неговите изјави биле просведочени од низа полициски челници и претставници на авионската компанија. Се разбира неговите коментари биле дочекани на нож, а јавноста верува дека одговорните уште пред шест месеци знаеле што навистина се случило со исчезнатиот авион со 239 патници и членови на екипажот. 

Главниот малезиски инспектор Кахид Абу Бакар остана шокиран инајави состанок со генералот Сутарман.

 

 

 

15.09.2014 - 17:52


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега