ВИДЕО: Жестока кавга на црвениот тепих меѓу Лабина и Столе Попов

 

На видеото може да се забележи жестоката кавга која што ја имаше режисерот Столе Попов со директорката на фестивалот „Браќа Манаки“ непосредно пред пристигнувањето на Жулиет Бинош. До кавгата дојде откако режисерот, отворањето на „Браќа Манаки“ го нарече „селска манифестација“, се огласи и директорката на фестивалот Лабина Митевска.

Во своето соопштение до јавноста Митевска вели:

„Како фестивал се трудиме достоинствено да ги пречекаме сите гости и тоа секогаш да биде на рамноправно ниво. Tоа се однесува oсобено на македонските премиери, на кои им посветуваме особено внимание и почит. Однесувањето на дел од филмската екипа на „До Балчак“ сметаме дека е недолична и неправедна кон нас. Не постои светски фестивал кој бил вака навредуван од гостите. Доколку имало какво било недоразбирање, требало прво да ни се обратат нам за да го решиме на лице место, а не во јавноста намерно да се шират дезинформации и искривена слика за околностите. Ние како фестивал никогаш не поддржуваме тенденциозно правење скандали и никогаш нема да поддржуваме.Во таа смисла, црвениот килим некому му се допаѓа, некому не, но се трудиме да наликуваме на големите светски фестивали и „Браќа Манаки“ го правиме по тој терк. Навистина ми е жал ако црвениот килим и можноста да го претстави своето уметничко дело некој овој пат го искористи за лична промоција. Фестивалската програма е така конципирана што секоја година го ставаме фокусот на една ѕвезда. На отворањето ја имавме Жулиет Бинош и двајцата Оскаровци-добитници на „Златна камера 300“. Вториот фестивалски ден беше насочен кон филмот До балчак. И во двата случаи се вложивме со сите расположливи капацитети и можности.Сите недоразбирања ги оставаме зад нас, она што е сега важно дека имаме еден мошне интересен филм, од добар автор, ние секогаш ќе ги поддржуваме квалитетните уметнички дела, затоа сме и тука.“

15.09.2014 - 17:12


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега