Израел назначи жена за амбасадор во арапска држава

 

Израел по првпат назначи жена за амбасадор во арапска држава, јавија локалните медиуми.

Еинат Шлаин, која 22 години работи во израелското Министерство за надворешни работи, ќе биде амбасадор во Јордан по десет месеци.

Израелското Министерство за надворешни работи го објави назначувањето на вкупно 12 нови амбасадори, од кои седум се жени. Една од нив ќе биде на чело на израелската амбасада во Бугарија. 

15.09.2014 - 09:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега