ВИДЕО: Ова е чудовиште од 20.000 миљи под морето

Група нуркачи доживеаа возбудлива средба со џиновска мола мола риба во кристално бистрите води на Малта.

Покрај импресивниот морски жител што наликува на цепелин, луѓето кои пливаат околу него и снимаат изгледаат како џуџиња.

Нуркачот Ерик ван Гот, кој ја постави снимката на Јутјуб, вели дека незаборавнот искуство го доживеал во близина на островот Гозо и познатата капија во карпа Вид ил Миела.

Тој и неговите колеги налетале на рибата со бизарен изглед на длабочина од 15 метри. На подводната снимка се гледа колку ова суштество е огромно и необично.

Со тежина од 2,5 тони, тоа е најтешката риба со коскен скелет на светот (за разлика од рибите со 'рскавичен скелет). Може да биде долга три метри и висока преку четири метри.

 

14.09.2014 - 15:38


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега