Најмалку 40 лица загинаа при уривање на станбен блок во Нигерија
Четириесет лица загинаа, откако станбен блок се урна во нигериската престолнина Лагос, соопштија спасувачките служби.
Блокот припаѓал на црквата на еден од најпопуларните нигериски телевизиски проповедници.
Жртвите досега се 40, изјави регионалниот координатор на Националната агенција за управување на кризни ситуации.
Од под урнатините биле извдени 124 преживеани.
14.09.2014 - 15:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа