25 години Симпсонови: 10 луди факти кои не сте ги знаеле за нив

 

10 интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле за Симпсонови.

1. Гласот на Келси Гремер стои позади ликот на Помошникот Боб, а Дејвид Хајд Пирс го дава гласот на Сесил, братот на Боб. Грамер и Пирс се ѕвезди од серијата "Фрејзер".

2. Креаторот на светски популарната фамилија, Мет Гронинг стратешки ја одбрал жолтата боја за гледачите кои брзо ги менуваат каналите на телевизорот да можат по жолтата боја да ја препознаат серијата.

3. Сигурно сте приметиле дека должината на воведниот скеч со каучот варира од епизода до епизода. Тоа зависи од должината на самата епизода - ако епизодата е премногу кратка, а аниматорите мораат со нешто да го пополнат просторот, едноставно ќе направат подолг скеч.

4. Јавна тајна е дека уредниците строго ја ограничуваат содржината што нивните ТВ станици ја емитуваат. Тоа важи за сите освен за Симпсонови. Со договор им е дозволена во серијата да се занимаваат со какви сакаат теми, вклучувајќи и константно зафркавање на сметка на нивната матична куќа Фокс.

5. Возачот на автобусот Ото има тетоважа од "Биг деди" Ед Рот на задникот.

6. Како што веќе занете, поголемиот дел од најавните шпици го покажуваат Барт како пишува пораки на училишната табла. Некои од пораките се: "Не ме допрел ангел на "она" место", како и "Свинско не е глагол". 

7. Во полициската станица во Спрингфилд се наоќа мапа, која изгледа како мапа на средовековен Константинопол.

8. Ако некогаш залутате во Основното училиште во Спрингфилд, запамтете дека шифрата за шкафчето на Барт е 36 - 24 - 26.

9. Знаете ли од каде потекнува Хомеровиот извик "D’oh!"? Ден Касталенета, Хомеровиот глас, вели дека во оригиналното сценарио пишува "изнервирано мрморење".

10. На Дени Елфман му биле потребни само два дена во текот на 1989. година да ја состави познатата воведна песна.

 

14.09.2014 - 14:26


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега