ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Попладнeво доаѓа силно невреме

 

Во текот на попладнето врнежите ќе бидат локално пообилни. Врнежи ќе има и во текот на вечерта, но со намален интензитет и на помала територија. Повеќе врнежи сепак се очекуваат во источниот дел од земјата. 
Повремено и локално ќе дува умерен до засилен ветер, кој ќе биде придружен елемент на поинтензивниот дожд. 

Минималната температура ќе биде во границите од 13°С до 20С.

Денот ќе биде посвеж во однос на петок. Максимална температура околу 25°С се очекува во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 24°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 28°С.

 

Во скопската котлина се очекува претежно облачно време со периодичен дожд и услови истиот повремено да биде пообилен. Кон крајот на денот врнежите ќе бидат и поретки и послаби. Минималната температура ќе се спушти до 18°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 25°С.

Метеоалармот издаде предупредување од жолта фаза на речи си целата територија на Македонија

14.09.2014 - 14:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега