Шест години тешка работа за Американец во Северна Кореја
Американецот Метју Милер е осуден од судот во Пјонгјанг на шест години тешка работа, јави севернокорејската државна агенција КЦНА.
Во образложените на пресудата се вели дека Милер е осуден за „непријателско делување“ против Северна Кореја.
Властите во Пјонгјанг не соопштуваат која е неговата вистинска вина, но велат дека Американецот „ја уништил својата виза и побарал азил во Северна Кореја“.
Милер (24) беше уапсен во април годинава веднаш по неговото пристигнување во севернокорејскиот главен град, каде допатувал како турист.
САД ја обвинуваат Северна Кореја дека го користат Милер како залог во „дипломатската игра“ за претходно уапсените двајца други Американци.
Едниот, Џефри Фоли, кој исто така допатувал во Пјонгјанг како турист, беше уапсен во мај годинава под обвинувања дека „оставал Библии* на разни локации.
Вториот уапсен е американскиот мисионер Кенет Бае, кој е од американско-корејско потекло. Тој беше уапсен во 2012 година и осуден на 15 години тешка работа во работни кампови, откако беше обвинет дека се обидувал да ја „урне владата“ на Северна Кореја.
Метју Милер имаше можност, пред осудувањето, да даде изјава за Си-Ен-Ен во која ја призна „вината“ и рече дека на судењето ќе ги прифати „обвинувањата“ против него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа