„Секое дете има потреба за семејство“

Во меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Кичево денеска се одржа трибина под мотото „Секое дете има потреба за семејство“. Проектот го организираше центарот за социјални работи во Кичево со цел да се посвети внимание кон децата со потреба за згрижување.

-Вакво право имаат лицата полнолетни односни 19 години па се до 65, да имаат завршено најмалку средно образование, да се здрави , и да се материјално обезбедени, истакна координаторот на проектот Ариан Имери.

Едно семејство може да згрижува до 5 деца, но секој пат во склад со можностите. Инаку во Кичево моментално се згрижени 12 деца во 9 семејства, но сепак во центарот оваа го сметат за недоволно.

Своето искуство за згрижување на деца го искажа Анита Нестороска која моментално згрижува 3 деца, при што рече дека е вистинско задоволство да им подариш малку љубов и среќа на несреќните деца. 

12.09.2014 - 15:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега