Морган Фриман ќе глуми во "Тед 2"
Легендарниот Морган Фриман се придружи на екипата на снимањето на продолжението на комедијата „Тед“ на Сет Мекфарлен.
Во вториот дел дејствието ја следи комичната авантура на Џон Бенет (Марк Валберг) и неговото оживено кадифена мече Тед (Мекфарлин), а Фриман ја доби улогата на адвокат, кој ќе го брани Тед во контроверзната судска постапка.
После соработката со Мекфарлин на проектот „A Million Ways to Die in the West“, Аманда Зијфрид доби главна женска улога во комедијата. Снимањето е во тек, на подрачјето на Бостон.
Компанијата Јуниверзал пикчрс овој филм ќе го претстави во американските кина на 26 јуни 2015 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа