Заврши сослушувањето- Убиецот на Лука се бранеше со молчење

 

Марко Миличев осомничен за убиството на младиот Лука Јовановиќ утринава беше сослушан пред основниот суд каде се бранеше со молчење.

 

Сослушувањето беше завршено во 11 часот, а според информациите Миличев пред судот рекол дека ќе проговори само во присуство на негов избран бранител.

Сослушувањето траеше 45 минути и беше изведено во тајност. Адвокатот на Миличев денеска не присуствуваше пред судот поради штрајкот на белградските адвокати кој започна во средата.

 

По завршувањето на штрајкот Миличев може да се обрати со допис и да побара ново сослушување, односно да ја изнесе својата одбрана пред судот. 

12.09.2014 - 12:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега