Секој втор ден згаснува еден живот во сообраќајот во Македонија

 

„Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ е слоганот на кампањата за подигање на јавната свест за безбедност во сообраќајот, што ја почна денеска Владата во координација со повеќе институции.

- Податоците покажуваат дека во Република Македонија секој втор ден згаснува по еден живот. Бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година изнесува 198 лица или девет жртви на секои 100 илјади жители. Оваа состојба може и мора да се надмине, зависи од секој од нас, од секој член на нашето општество, од секој возач на автомобил, секој велосипед и возач на мотор, од секој пешак и од секој учесник во сообраќајот, рече на прес-конференција премиерот Никола Груевски.

Централна порака на кампањата е „Вози безбедно, вози со појас“ и се однесува на возачите на автомобили, камиони, автобуси, кои процентуално се најголеми учесници во сообраќајот. Преку кампањата се апелира и за почитување на правилата за некористење мобилен при возење и за почитување на ограничувањето на брзината според условите на патот.

За реализацијата на кампањата се одвоени 500.000 евра. 

12.09.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега